Вучиќ: Ги прашувам руските пријатели – зошто? (ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ соопшти вечерва дека рускиот разузнавач Гергиј Клебан, вмешан во скандалот со шпионската снимка, не е повеќе не територијата на Србија.

Тој порача дека е сигурен дека рускиот претседател Владимир Путин не бил информиран за ова дејствување, и дека Србија има пријателски односи со Руската Федерација.

Тој повтори дека Србија не заборава што Путин направил за Србија во меѓународните организации, ниту поддршката во опремувањето на војската.

Потсети дека Србија единствена не ѝ воведе санкции на Руската Федерација, ниту гласаше против руските интереси, дека единствена одржува воени вежби со руската војска и дека со ништо не го загрозила пријателството со Русија.

„Затоа ги прашувам руските пријатели, а го прашав денес и амбасадорот, Боцан Харченко: Зошто: Не видов никаква логика во сето ова“, кажа Вучиќ.

Тој вечерва ја повтори цврстата определеност на Србија за воена неутралност и порача: „Србија нема да влезе во НАТО“.

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе