За извештајот на Европскиот парламент

Вучиќ: ЕП сака меѓусебно признавање на Србија и Косово, ние не сакаме

Претседателот на Србија Александар Вучиќ по повод извештајот на Европскиот парламент за Србија, во кој за првпат експлицитно се наведува очекувањето за „взаемно признавање" на Србија и Косово, изјави дека тоа е „нивна желба" и дека „Србија може да има свое мислење".

Фото: ЕПА

Коментирајќи ја пораката на Европскиот парламент дека Србија мора да го признае Косово, Александар Вучиќ на отворањето на секторот Б5 од белградската обиколница, рече дека тоа е чудна политика.

Во сите документи се спомнува и пишува за сеопфатна нормализација на односите, а не меѓународно признавање. „Взаемното признавање е нивна желба, ние не го сакаме тоа. И како што кажав, секој има своја работа, тие своја, ние своја. Тие се многу важни, ние не сме, но како што гледате можеме да имаме свое мислење и, ете, ни се може“, иронично рече Вучиќ.

Тој додаде дека Владата и Собранието на Србија ќе се изјаснат за извештајот на Европскиот парламент.

Според него, Собранието на Србија наскоро ќе се изјасни за извештајот на Европскиот парламент за Србија, од каде, како што вели, ќе се каже истото што тој го кажал сега.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе