петок, 26 април 2024
Парламентарни избори 2024

Касами: Со Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе изгласаме уставни измени – Таравари: Мицкоски ја разбрал суштината

Претседателот на Беса и еден од лидерите на опозициската коалиција Вреди, Биљал Касами денеска на настан во Тетово изјави дека, како што веќе е најавено, нивната коалиција ќе биде дел од наредната влада. Тој нагласи дека во таа влада, па дури и со ВМРО-ДПМНЕ, полесно ќе се изгласат уставните измени. Арбен Таравари, со дел од Алијанса за Албанците еден од лидерите на Вреди, вели дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја разбрал суштината и тежината на гласот на Албанците.

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе има европска влада, влада во која коалицијата Вреди веќе е најавено дека ќе биде дел. Во таа влада, се разбира, кажавме и кажуваме дека го гарантираме интегрирањето на земјата во ЕУ и унапредувањето на правата на Албанците. И претходно имаме кажано дека во таква влада ќе биде многу полесно, дури и ако ВМРО-ДПМНЕ е во таа влада или која било политичка партија, треба да се изгласат уставните измени. Затоа, кога велиме дека ќе се изгласат уставните измени и ќе се изгласат. Ние не сме како ДУИ која за 10 години коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ не направи ниту најмал чекор кон интеграција во Европската Унија“, рече тој.

Касами нагласи дека нивната коалиција се „гаранти на уставните измени и унапредувањето на правата на Албанците“.

Еден од лидерите на Вреди, доскорешниот претседателски кандидат Арбен Таравари, за предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски за владино коалицирање по изборите рече дека тоа покажува дека и „ВМРО разбрала каде е тежината на гласот и на пратениците Албанци“.

„Но, нашиот фокус како коалиција и како партија е да си ја завршиме работата за изборите на 8 мај, за да добиеме најголем можен број мандати во идното Собрание. По изборите ќе се водиме од националниот интерес на Албанците, од итната потреба да се исчисти власта од корупција и од нашата непреговарачка прозападна ориентација“, рече Таравари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ