Вучиќ: Енергетската мапа на Балканот сега целосно се менува

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека Србија ќе биде дел од проектот кој бугарскиот премиер Бојко Борисов го нарекува „Балкански тек“.

„Проектот се нарекува „Балкански тек“, иако станува збор главно за руски гас од Турски тек, а работите почнуваат за некој ден. Енерегетската мапа на Балканот сега целосно се менува“, кажа Вучиќ.

„Борисов како сериозен, мудар, паметен политичар, за нештото да не го нарече јужен или турски тек, го нарекува „балкански““, кажа Вучиќ и објасни: „Тоа е гранка во Бугарија која прима гас од Турски тек, но и преку интерконектори дел од течниот гас од пристаништето Александрополис, и во иднина нешто од гасот од Источен Медитеран, кој доаѓа од Израел и Кипар до Грција. Но, Борисов е паметен и го нарекува „балкански“, за да не се налутат Американците. Но, ние знаеме кој гас е тоа. Тоа е 90 отсто руски гас, и 10 отсто сѐ останато“, кажа српскиот претседател.

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов по средбата на квадрилатералата со претседателот на Србија Вучиќ и премиерите на Романија и Грција, Виорика Данчила и Алексис Ципрас, кажа дека станува знор за гасен интерконектор со капацитет на пет милијарди метри кубни гас.

„Предложив тоа да биде „Балкански тек“, да не правиме разлика меѓу нашите земји. Ќе го имаме тој тек и ќе добиваме течен гас и гас од Израел и руски гас преку Турскиот тек“, истакна Борисов.

Бугарија и Грција донесоа одлука во јуни да потпишат договор за заедничка компанија која ќе го гради гасниот интерконектор „Балкански тек“, истакна Борисов.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе