По средбата со Лајчак

Вучиќ: Договорено е продолжување на дијалогот со Приштина

Претседателот на Србија Александар Вучиќ синоќа изјави дека на состанокот со специјалниот претставник на Европската Унија Мирослав Лајчак ја изразил целосната подготвеност на Белград за продолжување на дијалогот со Приштина, но и дека инсистира на целосна примена на Бриселскиот договор од 2013 година и формирање на Заедница на српски општини (ЗСО).

EPA-EFE

Обраќајќи им се на новинарите по средбата, Вучиќ најави дека делегација на Белград ќе оди во Брисел на продолжување на дијалогот и на „техничко и на највисоко ниво“.

„Имавме добар, рационален и сериозен состанок за иднината на дијалогот. Го анализиравме постигнатото и договоривме продолжување на дијалогот. Изразивме и, мислам, заедничка оценка што е добра и задоволувачка за економските движења што постојат и кои допрва треба да бидат поттикнати меѓу Белград и Приштина, пред сѐ во смисла на слободата на движењето на луѓето, стоките и капиталот“, кажа Вучиќ.

Наведе дека во разговорот со Лајчак инсистирал на целосна имплементација на Бриселскиот договор од 2013 година, односно на формирање на Заедница на српски општини.

„Тоа е условот без кој не може да се очекува успешно продолжување на дијалогот“, кажа тој.

Вучиќ оцени дека европската иднина е „многу важна“ за Србија, како поради поголемиот број инвестиции така и поради вредности за кои, како што кажа, Србија се бори и се залага.

„Позицијата на Србија во светот ќе биде посилна колку сме поблиску до полноправно членство на ЕУ, а нашиот европски пат е значително одреден со напредокот во односите со Приштина“, кажа српскиот претседател.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе