Продолжување на дијалогот во замена за нови поглавја

Вучиќ добил „уцена“ од Брисел, Белград не се согласува

Брисел му испратил на српскиот претседател Александар Вучиќ, преку дипломатски канали, „непристојна понуда“ односно уцена, како што ја нарекуваат српските медиуми – продолжување на дијалогот со Приштина во замена за нови поглавја, а Белград не се согласува.

Како што јавуваат српските медиуми, Брисел по дипломатски канали врши притисок врз Белград со цел да го натера да игра „по правилата што ги диктира Приштина“. Од Србија и Вучиќ се бара да се вратат на дијалогот, без оглед на тоа што Приштина не исполнила ниедна од своите обврски од бриселскиот договор.

„Скандалозно барање, проследено преку дипломатски канали, со кое на Србија за возврат ѝ се нуди да отвори три преговарачки поглавја со ЕУ“, тврди извор на Српски телеграф.

Како што пишува Новости, Белград нема да се согласи на уцените па дури и ако цената е процесот на евроинтеграциите да биде замрзнат на подолго време. Ова, според весникот, е цврст став на Белград, по „непристојната понуда“ на Вучиќ.

Потпретседателот на српската влада и министер за трговија Расим Љајиќ смета дека продолжува старата матрица – дека Брисел не го притиска оној кого треба, туку тој кого може. „На тој начин Брисел го губи статусот на медијатор во дијалогот и го нарушува сопствениот кредибилитет“, смета Љајиќ.

Тука, како што додаде српскиот вицепремиер, не станува збор за тоа дека Приштина не ги исполнува постигнатите договори, туку од политички причини става нови пречи на патот на слободната трговија кои им штетат на сите. „Ваквите потези ги доведуваат во прашање целиот дијалог и процесот на нормализација на односите на Србите и Албанците“, заклучи Љајиќ.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе