Преговара и со руски и со кинески компании

Вучиќ: До крајот на декември ќе обезбедиме 1,8 милиони Фајзер вакцини

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во вонредно обраќање до јавноста рече дека Србија обезбедила веројатно 1,8 милиони дози вакцина Фајзер Бајонтек против корона, но дека се водат дополнителни преговори и со руски и кинески компании, затоа што е потребна поголема количина, пренесува РТС.

„Заедно со Владата на Србија, тргнавме во потрага по вакцини, да ги набавиме најбезбедните вакцини на најбрз начин и да го запреме катастрофалното влијание на короната врз животот на луѓето во Србија, но и врз економијата. Преку системот Ковакс, обезбедивме 1.800.000 дози од вакцината Фајзер Бајонтек, веројатно, но преговараме и со кинески и руски партнери, бидејќи ни требаат многу поголеми количини.

„Планираме до крајот на јануари да обезбедиме вакцини за целиот здравствен сектор, армијата и полицијата“, рече Вучиќ.

Тој додава дека веднаш потоа би се вакцинирале ранливите групи, луѓето кои страдаат од најтешки болести и најстарите граѓани, а дури потоа средовечните и помладите лица.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе