„Заедно со Владата на Србија, тргнавме во потрага по вакцини, да ги набавиме најбезбедните вакцини на најбрз начин и да го запреме катастрофалното влијание на короната врз животот на луѓето во Србија, но и врз економијата. Преку системот Ковакс, обезбедивме 1.800.000 дози од вакцината Фајзер Бајонтек, веројатно, но преговараме и со кинески и руски партнери, бидејќи ни требаат многу поголеми количини.
„Планираме до крајот на јануари да обезбедиме вакцини за целиот здравствен сектор, армијата и полицијата“, рече Вучиќ.
Тој додава дека веднаш потоа би се вакцинирале ранливите групи, луѓето кои страдаат од најтешки болести и најстарите граѓани, а дури потоа средовечните и помладите лица.