Вучиќ до косовската претседателка: Не ни сонувајте дека Србија ќе ве признае

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги отфрли тврдењата на приштинските власти дека Србија стои зад нон-пејперот за можно решение за Косово и им порача на косовската претседателка Вјоса Османи и на властите во Приштина да не ни сонуваат за можноста Србија да ја признае независноста на Косово.

EPA-EFE

Вучиќ, по церемонијата на отворањето на работите за изградба на нова ковид-болница во Нови Сад, така одговори на прашањето како ги коментира тврдењата на Османи дека зад нон-пејперот стои Србија, истакнувајќи дека тоа се невистини и лаги.

Косовската претседателка објави претходно денес на Фејсбук дека сите „нон-пејпери“ и идеите во нив се дестабилизирачки за регионот, тврдејќи дека изворот им е Србија.

Вучиќ на новинарите во Нови Сад им истакна дека тоа што наводно го пишува во тој „нон-пејпер“ нема да се случи и дека „признавање не е прифатливо за Србија“. Тој иронично оцени дека тој неофицијален документ „го правел некој многу паметен“ и дека знае кој морал да учествува во неговото создавање.

Османи пак оцени дека „внимателното читање на овие „нон-пејпери“ и претставените идеи – како промените на границите, создавање автономни режими или трети сили – јасно покажува кој го правел нацртот на тие документи“.

Одделни приштински медиуми „нон-пејперот“, кој го предвидува северот на Косово, мнозински населен со Срби, како автономна област, неофицијално им го припишаа на Германија и Франција, но амбасадите на тие две држави на Косово отфрлија дека стојат зад наводниот документ.

Германскиот амбасадор Јерн Роде преку Твитер соопшти дека француско-германскиот документ е лажна вест и повтори дека неговата земја целосно го поддржува дијалогот кој го водат Европската Унија и нејзиниот специјален претставник Мирослав Лајчак.

Во сличен тон и француските дипломати на Косово ги демантираа наводите во приштинските медиуми, исто така поддржувајќи го дијалогот на Белград и Приштина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе