Вучиќ до Харадинај: Нема да има војна

Реагирајќи на изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека за него поделба на Косово значи војна, српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека се надева дека нема да им војна и дека ќе се најде решение за Косово.

Сепак, како што истакна, секое одолговлекување би имало негативни последици по останатите прашања.

Коментирајќи ја изјавата на Харадинај дека ќе дојде до војна, ако има поделба на територијата, Вучиќ кажа дека тоа не е ни прв ни последен пат, и изрази надеж дека никогаш нема да дојде до војна, туку дека ќе се најде некакво решение.

„Бидејќи ги слушаме изјавите на Хашим Тачи, невозможно е да зборувате и да барате сѐ и да велите чекаме договор. Не е договор ако ни кажувате – сѐ е наше, а вие само признајте нѐ. Така договор нема да има“, истакна српскиот претседател.

Тој повтори дека договорот е многу важен. „Знам дека на луѓето им е тешко, дека најмногу сакаат никогаш ништо да не се договори, да се одолговлекува, но не може да се одолговлекува, бидејќи околу другите прашања ќе бидеме во сѐ потешка и послаба ситуација“, кажа Вучиќ.

Истакна дека е важно да се зачува мирот, да оди земјата напред, но и да се бара решение кое нема да го извалка образот на Србија и ќе ги задоволи државните и национални интереси, па дури и да е делумно незадоволувачко.

„Бидејќи кога се постигнува компромис, не можете да бидете среќни со сите решение. Дека ќе има гушкање и бакнување и некои прекрасни решенија – тоа е невозможно“, кажа Вучиќ.

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе