Вучиќ до Ердоган: Косово не е турско

Коментирајќи ја најавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе почне со лобирање за независноста на Косово, претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека ќе разговара со него.

EPA-EFE

„Ердоган е голем политичар, реално, и Турција е голема сила. Ќе се обидам да разговарам со него. До 1 септември, според Вашингтонскиот договор, двете страни имаат обврска да нема лобирања за признавање ниту за отпризнавање“, кажа Вучиќ.

„Ако од 1 септември, до кога важи договорот, почнат, ни останува да се браниме“, додаде српскиот претседател.

„Турција е голема сила, Ердоган е голем лидер, јас сум мал и занемарлив и Србија е помалку значајна, но не е толку мала за да не се обиде да се спротивстави, бидејќи го штитиме своето. Косово не е турско и не ѝ припаѓало на Турција и нема. Ни останува да се браниме“, кажа Вучиќ.

Додаде дека верува дека Ердоган ќе го ублажи својот став, но ако не го ублажи, Србија ќе се бори.

„Ние немаме алтернатива. Ќе го штитиме народот на Косово и Метохија, но ќе го видите и тоа дека ни ние не сме толку мали“, кажа Вучиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

ДУИ е дел од влада која, дел поради пандемијата, а дел поради непостоење на политичка волја за реформирање на системот и искоренување на корупцијата и организираниот криминал создаде назадоволство кај граѓаните.

повеќе

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе