Вучиќ: Денешната полициска акција е голем удар за мафијата и организираниот криминал (ВИДЕО)

Ова е голем удар за мафијата и организираниот криминал, оцени денес српскиот претседател Александар Вучиќ по акцијата на полицијата во која рано наутро беа уапсени 17 лица осомничени за убиства, грабнувања, изнудувања и продажба на дрога.

EPA-EFE

Вучиќ, во заедничкото обраќање со српската премиерка Ана Брнабиќ, по седницата одржана по повод 100 дена од новата српска влада, кажа дека акцијата е продолжување на претходно најавената решителна борба на државата против мафијата и организираниот криминал. Оцени дека „одличната соработката на министерството за внатрешни работи и Безбедносно-информативната агенција (БИА)“ донела добри резултати и довела до тоа на „луѓето во цела Србија да може да им се гарантира поголема безбедност“.

Белградската полиција денес рано наутро уапси 17 лица осомничени за убиства, изнудување, рекетарење, киднапирања и продавање дрога, а во текот на денот се пребарани повеќе од 30 локации, вклучувајќи ги стадионите на Партизан и Црвена звезда, чии навивачки групи се поврзуваат со шефовите на организираната криминална група која беше цел на апсењата.

Вучиќ кажа дека верува дека „борбата ќе биде продолжена“ и дека такви акции треба да очекуваат „Ниш и Врање, Ваљево и Суботица и други градови“.

„Како што гледате, државата неколку месеци следеше и бараше докази и победи“, истакна Вучиќ, откако претходно денес и министерот за внатрешни работи Александар Вулин порача дека нема да дозволи „создавање криминални кланови кои мислат дека се посилни од државата“.

Премиерката Ана Брнабиќ, коментирајќи ги стопанските и економските достигнувања на владата, ја оцени денешната позиција на Србија како „неверојатна“, а резултатите како „незапаметени во историјата“ бидејќи е прва во Европа по стапката на економски раст, а втора по бројот на вакцинирани против коронавирусот.

„Очекуваме реален економски раст од шест отсто, но за тоа мораме да работиме деноноќно“, кажа Брнабиќ на заедничкото обраќање со Вучиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе