Реакција на изјавата на Изетбеговиќ

Вучиќ: Да повикав јас на независност на Република Српска ќе завршев во Хаг

Некои мислат дека Србија не е доволно прегазена и понижена и дека само прегазена и понижена Србија е добра Србија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој ова го изјави по повод ставот на Бакир Изетбеговиќ за признавањето на Косово и Метохија и оцени дека таа изјава ќе има далекусежни политички и правни последици, пренесуваат српските медиуми.

„Ова интервју комплицира многу нешта во регионот“, кажа Вучиќ, а на релативизирањето на тежината на изјавата на Изетбеговиќ возврати со забелешка дека доколку тој каже дека треба да се признае независноста на Република Српска – ќе заврши во Хаг.

Вучиќ смета дека интервјуто на Изетбеговиќ е комплексно со тешки последици и дека Србија сѐ сериозно ќе разгледа и ќе одговори, но и дека на Србија треба да ѝ биде јасно дека треба самата паметно да работи, бидејќи нема поддршка од меѓународната заедница.

„Станува збор за многу посериозна изјава отколку што кој било во Србија во овој момент може да процени“, кажа српскиот претседател.

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе