Вучиќ: Да не правиме нешто големо од изјавата на Земан

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес кажа дека не треба да се имаат преголеми очекувања дека Чешка може лесно да го смени својот став за признавањето на Косово.

„Ние би го сакале тоа, но не мислам дека е реално“, им кажа Вучиќ на новинарите во Ватикан, на констатацијата дека чешкиот премиер Андреј Бабиш кажа дека е спремен со претседателот Милош Земан и останатите институции да разговара за повлекување на признавањето на Косово.

„Да не ги креваме очекувањата на нашиот народ. Бескрајно им благодарам на нашите чешки пријатели. Знам колку ја почитуваат и сакаат Србија, но да не правиме големо нешто од изјавата на Земан, па ако не дојде до таква одлука од него да правиме непријател, кој не бил спремен нешто да направи“, предупреди Вучиќ, кој денес разговараше со папата во Ватикан.

Тој истакна дека знае колку Чесите ја почитуваат и сакаат Србија, дека се нивни искрени пријатели, но дека државите не можат да прават такви нешта толку лесно, особено ако се наоѓаат во некој одреден блок.

Тој повтори дека не треба премногу да се очекува.

Инаку, претседателот на Чешка ја заврши денес тридневната посета на Србија, во текот на која најави дека за еден месец, на состанокот на уставните власти во Прага, ќе го постави прашањето дали е можно да се повлече признавањето на Косово.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе