„Има право да изнесува став“

Вучиќ: Црквата не треба да донесува клучни политички одлуки

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денес во Баку дека Српската православна црква (СПЦ) не треба да донесува клучни политички одлуки во земјата, но дека има право да го изнесува својот став.

„Не мислам дека клучните политички одлуки треба да ги донесува Црквата, но нормално дека има право да го изнесува својот став, немам јас никаков проблем со тоа“, им кажа Вучиќ на новинарите при посетата на Азербејџан.

На прашањето да го искоментира пишувањето на весникот Блиц, дека на државата само СПЦ ѝ е виновна за Косово, Вучиќ кажа дека на Црквата „не ѝ го оспорува правото да изнесува мислење, но дека тој не треба да се согласи со изјавата на претставникот на Црквата“.

„На мене Црквата ништо не ми згрешила. Тоа не значи дека секогаш со секоја изјава на кој било претставник на СПЦ мора да се согласам. Ние сме секуларна држава, јас ги почитува, не сум некој голем верник, но сум верник“, кажа Вучиќ.

Тој додаде и дека „не мисли дека малку направил за СПЦ, ни лично ни како претседател на владата и државата“, и дека „тешко ќе се најде некој што повеќе направил“.

СПЦ на 10 мај објави порака од неодамна одржаниот Свет архиерејски собир во која се наведува дека Косово претставива „неотуѓив централен дел на Србија“ и во која се апелира до функционерите на Србија „дека никогаш не смеат да дадат согласност за отуѓување на Косово и Метохија“.

Вучиќ на тоа реагираше на 11 мај, изјавувајќи дека го почитува ставот на Црквата, но дека не гледа кое решение таа го нуди, и додаде дека замрзнатиот конфликт со Косово не е решение и дека треба да се постигне компромис.

„Почитувам сѐ, но не видов што нудат како решение. Да бидеме против сѐ и да чекаме подобри времиња, кога ќе нѐ има пет или три милиони или кога другите ќе ни побегнат уште 50 години“, кажа тогаш Вучиќ.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе