Вучиќ: Британскиот сој на коронавирусот дојде во Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека британскиот сој на коронавирусот „стигна во Србија“, за што го известил министерот за здравство, Златибор Лончар.

Фото: ЕПА

Патничка од Лондон, која била негативна на ПЦР-тестот, го донела тој сој, а нејзиниот сопруг имаше сериозни симптоми, рече Вучиќ за ТВ Прва и додаде дека ги откриле сите контакти на таа жена и се обиделе да ги изолираат.

Вучиќ рече дека очекува 50.000 луѓе да се вакцинираат во текот на денот, но е загрижен и не го крие тоа, затоа што е многу тешко да се добијат нови вакцини.

„Точно е дека сум загрижен и не го кријам тоа, бидејќи денес е потешко да се набави вакцина отколку нуклеарно оружје. Во светот се случуваат неверојатни работи, кои ние делумно ги предвидовме“, рече Вучиќ за ТВ Прва.

Вучиќ изјави дека Србија не примила ниедна вакцина од програмата Ковакс, туку самостојно набавила 1.150.000 вакцини.

„Црна Гора, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Косово немаат ниедна вакцина. Во Албанија не примија ниедна вакцина од програмата Ковакс“, рече Вучиќ.

На прашањето дали две дози кинески вакцини чинат околу 140 евра и дали тоа значи дека Србија платила 140 милиони, Вучиќ рече дека Србија ќе платела толку, но не платила зашто тој уште во октомври му пишал на претседателот Си Џинпинг и цената на вакцината е многу пониска за Србија.

„Секој што примил вакцина ќе добие ревакцинација. Имаме таков фантастичен информациски систем, каков што нема во Европа, затоа сè функционира како швајцарски часовник“, рече Вучиќ.

Нарачавме скоро осум милиони вакцини, но проблемот е што ги нема, потенцира тој.

Вучиќ рече дека цената на вакцините на „црниот пазар“ ќе се искачи до 500 евра, „затоа што ова е војна, луѓе“.

Изјавувајќи дека Србија е „убедливо“ прва во регионот според бројот на вакцинирани на 100.000 жители, Вучиќ рече дека очекува утре Србија да ја престигне Данска и да биде трета во Европа според бројот на граѓани што примиле вакцина.

„Од членките на ЕУ, само Малта ќе биде пред нас, а Велика Британија е на прво место. Ние сме на деветтото место во светот и во следните два или три дена можеме да бидеме шести или седми. Тоа покажува дека имавме мудра политика не само во здравствениот систем“, рече претседателот на Србија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе