Вучиќ: Без еуфорија, оставката е политички трик на Харадинај

Претседателот на Србија Александар Вучиќ свика конференција за медиумите по повод реакциите на оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и евентуалните импликации на таа оставка.

„Ја разбираме радоста, но не би сакал да изразам некакво задоволство од оставката на Рамуш Харадинај. Сметаме дека нема причина за еуфорија бидејќи ги согледуваме сите факти и последици на тој чин, а особено како ќе се однесуваат и Албанците и меѓународната заедница кон Србија и нејзиниот народ“, кажа Вучиќ.

Тој истакна дека државата Србија ќе биде со своите граѓани и по дополнителната хомогенизација на Албанците, екстремизацијата на нивните ставови и нескриената омраза кон српскиот народ во српската држава која ја доживуваат како единствен виновник и дека продолжувањето на дијалогот е клучно.

„Оставката на Рамуш Харадинај е политички трик за да се стекне популарност. Тој се бори да ги порази противниците на Косово и Метохија, тој е јунакот кој се бори, а останатите се недостојни лидери кои тој ги води кон посветла иднина“, кажа Вучиќ.

„Нашите предвидувања се дека ќе го пуштат за 48 часа. Не викам „можеби“, туку ќе го пуштат, ќе се врати како голем херој на албанското население, неговата популарност ќе порасне, сите останати ќе паѓаат“, истакна српскиот претседател.

Тој истакна дека царините нема да бидат укинати и дека западните сили уште пожестоко ќе вршат притисок, ќе го уценуваат Белград под изговор дека косовските лидери ги испраќаат во Хаг.

Вучиќ кажа и дека со овој потег се планира и подготвува победа на најтврдата албанска опција и исклучување на Српската листа од политичкиот живот на КиМ.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе