За Косово

Вучиќ: Албанците не се за компромис, Србите се за замрзнат конфликт. Не гледам решение

Албанците не сакаат компромис, Србите се за замрзнат конфликт на Косово, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ и укажа дека не гледа решение, ниту што тоа би можело да биде.

„Албанците во моментов по никоја цена не сакаат компромис. Во Србија луѓето што би сакале се малцинство, па е невозможно да предложат што било“, констатираше српскиот претседател.

Тој истакна дека 90 отсто од Србите се среќни со замрзнатиот конфликт, иако замрзнатиот конфликт секогаш може да се „одмрзне“ и прашање е само на момент кога тоа ќе се случи.

Вучиќ напомна и дека вчера имал сериозни и долги разговори со претставници на ЕУ, Германија и Франција, но не кажа што била темата на разговорите.

„Ги чуваме стабилноста и мирот, и сите тоа го знаат во светот дека ќе ги чуваме по секоја цена. Важно е да сме смирени, а тие знаат колкава е силата на Србија, и нема да ја напаѓаат“, кажа тој на прашањето за постојаните напади врз Србија од регионот.

„Мораме да разбереме дека правда не постои, бевме дел од процес кој го изгубивме и плаќаме висока цена“, истакна тој на прашањето за двојните аршини на Западот кон Србија.

„Учествуваме во конфликт што го изгубивме“, констатираше српскиот претседател.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе