„Загрозување на имотите и животите“ на Србите на Косово

Вучиќ: Ако продолжи загрозувањето на Србите, ќе ги повикаме КФОР и НАТО да дејствуваат

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави по повод ситуацијата на административните премини со Косово дека Србија ќе ги повика КФОР и НАТО да реагираат доколку продолжи „загрозувањето на имотите и животите“ на Србите на Косово.

EPA-EFE

„Доколку продолжи загрозувањето на имотите и животите на граѓаните од српска националност, ќе ги повикаме КФОР и НАТО да постапат во согласност со своите овластувања и да ги заштитат животите на Србите на Косово и Метохија“, кажа Вучиќ на конференција за медиумите.

Додаде дека Србија нема да дозволи да се повтори „погромот од 2004 година“.

Српскиот претседател кажа дека утре пред состанокот на советот за национална безбедност ќе има средба со претставниците на петте западни амбасади во Србија, таканаречената Квинта, на нивно барање.

Најави дека утре ќе се решава за мерките кои Србија може да ги преземе.

„Се надевам дека нема да бидеме приморани да спроведуваме свои мерки, и политички и економски“, кажа тој.

Претседателот на Србија покажа фотографија за која кажа дека покажува болничко возило со пациенти сопрено на еден од премините, а на Србите на Косово им порача „да не наседнуваат на провокациите на Приштина“.

„Ги молам нашите луѓе да не наседнуваат на провокациите. И кога протестираат, да протестираат мирно и без инциденти“, кажа тој.

Специјалните единици на косовската полиција од утринава се наоѓаат во непосредна близина на двата административни премини на северот на Косово – Јариње и Брњак.

Како што соопшти косовската полиција, таблички со ознаки на северот на Косово ќе бидат одземени, додека возилата кои имаат таблички со ознаки од централна Србија мора да земаат пробни ознаки и да плаќаат осигурување, за што власта во Приштина претходно ја информирала српската полиција.

Србите од северот на Косово го блокираа патот кон Јариње, а претседателот на партијата Српска листа побара реакција од Вучиќ и Европската Унија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе