Не го чуди „пеењето усташки песни“ во Загреб

Вучиќ: Ако остане замрзнат конфликтот со Косово – нема ни Европа ни пари

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека не го зачудува прославата на успехот на фудбалската репрезентација во Хрватска со пеење усташки песни.

Тој истакна и дека неговата работа е со Загреб да има сѐ подобри и подобри односи.

Во обраќањето по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, Вучиќ кажа дека има право да не навива за Хрватска и додаде дека нема да „изговори ниту еден грд збор“ бидејќи на Србија „ѝ се потребни обри и подобри односи во иднина“.

„Јас реагирав по првиот натпревар. Во секој момент покажував почит кон Хрватите, кажував дека играат одличен фудбал. Кажав само, како што секој има право да навива за нив, дека имам право да не навивам за нив. Дали некого навредив? Не“, истакна српскиот претседател.

Тој кажа дека во 1992 година биле запалени сите куќи на неговите чичковци, тетки, на неговиот татко, како и куќата која ја ѕидале тој и неговиот брат.

„Сѐ запалија. Јас треба да кажам „прекрасно, сега морам да навивам“. Е па не морам. Мое е да водиме добра политика со Хрватите, да имаме добри и сѐ подобри односи. Ќе имаме сѐ подобри односи, мое е да се грижам за хрватското малцинство во Србија, за српското малцинство да се чувствува послободно и побезбедно во Хрватска, иако тоа е тешко“, кажа Вучиќ.

Тој кажа и дека за Србија 1941 година била тешка и наведе делови од песна на хрватскиот музичар Марко Перковиќ Томпсон во која 1945 година се прикажува како лоша за хрватскиот народ.

„И следниот пат ќе се пеат истите тие песни. Како оди онаа песна (на Томпсон) Гени камени, „не е добра ’45, не раселија низ светот“. За некого е добра ’41, а за нас беше тешка, грда, очајна. За нас ’45 е годината на конечното ослободување од германскиот нацизам, хрватскио фашизам, италијанскиот, бугарскиот, унгарскиот“, додаде српскиот претседател.

На прашањето за изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека во случај на поделба на територијата на Косово ќе дојде до нова војна, Вучиќ кажа дека тој не сака да зборува за војна и дека Србија ќе биде зачувана од конфликти.

„Не сакам кога лидерите на други народи зборуваат за војна, ние не сакаме војна и ќе дадеме сѐ од себе за нашите народ и земја да ги зачуваме од какви било конфликти“, кажа Вучиќ.

Тој кажа и дека мисли дека Србија ќе ја има поддршката од Макрон во наоѓањето компромисно решение за Косово, дека се надева и на поддршката од германската канцеларка Ангела Меркел, и додаде дека „во тој случај некаква надеж постои“.

„Ако остане замрзнат конфликтот на Косово, сметајте дека нема европска перспектива, сметајте дека ќе има намалување на инвестициите“, истакна српскиот претседател.

Тој ги критикуваше оние кои сметаат дека Србија би требало „да покажува мускули“.

„Со што да покажуваме мускули? Со нула мигови, колку што ми оставивте во исправна состојба, со два стари хеликоптери, со стари пушки? Со тоа да покажува мускули? И чии деца да праќам? И денес кога имаме многу повеќе оружје, не покажуваме мускули, бидејќи немаме деца за фрлање. А тоа оружје ни служи како фактор за одвраќање на лудаците кои помислуваат дека можат да ја поробат Србија“, истакна Вучиќ.

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе