По вчерашните масовни протести

Вучиќ: Ајде веќе еднаш упаднете да видиме како ќе тепате, ајде само да ве видам, доста само се заканувате

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, тврди дека од терасата на претседателството во Белград ги слушал говорниците на протестот „Сите како еден - Еден од пет милиони“ и дека ги немало повеќе од 7.500.

Вучиќ за новинарите во Белград рече дека за него би било пораз и срамота само во од Врање и Лесковац да не собере повеќе од 7.500 на претстојниот митинг, кој ќе го одржи на 19 април во рамките на кампањата „Иднината на Србија“.

Тој рече дека неговиот митинг ќе се одржи на истото место и ја повика телевизија Пинк со истиот дрон да го снима и тој митинг, па да може да се споредат снимките и колку луѓе биле собрани.

Тој додаде дека на тој митинг ќе се говори за тоа што сè актуелната власт направила за Србија и кои се плановите за во иднина.

Тој рече и дека не се плаши од опозицијата и од нивните закани и ги повика да го спроведат насилството на кое повикуваат.

„Направете го веќе еднаш тоа насилно дејствување да видиме, немојте само да се заканувате, ајде упаѓајте да видиме како ќе тепате, ајде само да ве видам“, рече Вучиќ.

Тој рече дека вчерашниот собир покажува дека опозицијата не може да го премине цензусот и дека претседателката на Собранието на Србија, Маја Гојковиќ, ги повикала на дијалог и дека тоа е местото каде што треба да се дискутира.

Тој рече дека со закон не може да ги исполни нивните барања бидејќи тоа ќе биде директно нарушување на јавните услуги и дека протестите на опозицијата се бесмислени, дека не станало збор за никаква програма и дека цело време го навредувале него.

Според Вучиќ, опозицијата планирала да влезе во Собранието, но пратениците од Српската напредна партија „ги испреварија, па тие останаа без идеи и план, и затоа изгледаа избезумени на протестот и сè изгледаше како избезумена папазјанија“.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе