По гранатирањето на главниот град на Нагорно Карабах

Вториот по големина град во Азербејџан под оган на ерменските сили (ВИДЕО)

Вториот по големина азербејџански град Генџа е „под оган“ на ерменските сили, објави денес министерството за одбрана на Азербејџан, додека властите на Нагорно Карабах тврдат дека го уништиле воениот аеродром во тој град.

EPA-EFE

„Азербејџанскиот град Генџа е под оган на ерменските сили“, наведе министерството на Азербејџан на Твитер.

Двете страни пренесуваат голем број воинствени изјави, не реагирајќи на повиците на меѓународната заедница за примирје и една друга се обвинуваат за конфликтот.

Претходно денес новинари на агенцијата Франс прес јавија дека утринава нови ракетни удари го стресоа Степанакерт, главниот град на регионот Нагорно Карабах каде се водат жестоки борби меѓу ерменските сепаратисти и азербејџанските сили. Тие јавуваат дека се погодени центарот и периферијата на градот и дека се гледа црн чад на североистокот на градот.

 

Сирените за тревога речиси постојано се огласуваат. Жителите се кријат во скривници и подруми.

Азербејџанските власти наведоа дека се преземени „мерки за одмазда“ по ракетните напади на ерменските сили од Степанакерт.

Локалните власти наведуваат дека градот се гаѓа од ракетни системи „смерч“ и „полонез“ и дека дронови го надлетуваат градот.

Претседателот на самопрогласената област Араик Харутиунијан кажа дека како мерка на одмазда неговите сили од сега ќе ја гаѓаат воената инфраструктура во големите градови на Азербејџан, кои се наоѓаат подалеку од фронтот и ги повика цивилите „веднаш да ги напуштат тие градови“.

Набрзо потоа азербејџанското министерство за одбрана објави дека вториот по големина град Генџа е под оган на азербејџанските сили. баку ја обвини Еремнија дека го гранатира градот, што Ереван го негира.

Портпаролот на претседателството во Нагорно Карабах кажа дека тие ги извршиле нападите, и дека воениот аеродром е „уништен“.

Азербејџанското министерство за одбрана исто така соопшти дека „ерменските сили од Канкенди (азербејџанското име за Степанакерт) испалуваат ракети врз градовите Тертер и Хорадиз, во областа Физула“.

На фронтот, како и во претходниот ден, двете страни објавуваат успеси на разните бојни полиња.

Синоќа претседателот на самопрогласената република кажа дека војската ги подобрува своите позиции и го подготвува теренот за напредување.

Азербејџанското министерство за одбрана наведе дека од почетокот на конфликтот на 27 септември освоени се 14 села како и планинскиот масив Муровдаг, означен како стратегиски важен.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев вчера на Твитер објави дека само во тој ден се освоени седум села.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан оцени синоќа дека Ерменија се соочува со можеби најодлучувачкиот момент во својата современа историја и повика на мобилизација „за победа“.

Новиот судир на Ерменија и Азербејџан изби на крајот на септември и е најжесток од 1994 година кога заврши војната меѓу тие две земји.

Нагорно Карабах е етнички ерменска енклава во составот на Азербејџан која е надвор од контролата на Баку од крајот на војната во 1994 година. двете страни имаат големи воени капацитети вдолж демилитаризираната зона која го одвојува регионот од остатокот на Азербејџан.

 

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе