Вториот човек на Турција му одговори на Трамп: „Нема да нѐ уплашат никакви закани“

Турскиот потпретседател изјави дека неговата земја нема да ја исплашат закани, што е воздржан прв одговор на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја уништи турската економија.

„Нашата порака до меѓународната заедница е јасна. Турција не е земја на која ќе влијаат закани“, изјави потпретседатело Фуат Октај денес во Анкара.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган престојува во официјална посета на Србија и нема понатамошни реакции на неговата администрација.

Вчера Трамп се закани дека „целосно ќе ја уништи и збрише турската економија“ ако Анкара „отиде чекор предалеку“ почнувајќи воена операција против Курдите во Сирија.

Американската војска почна да се повлечкува од североистокот на Сирија, покрај турската граница, објавија вчера курдските сили.

Сирискиот сојузник Иран кажа дека се противи на планираната турска офанзива. Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф му кажа на својот турски колега Мевлут Чавушоглу во телефонски разговор дека мора да се почитува сирискиот територијален интегритет и суверенитет, соопшти министерството за надворешни работи на Техеран.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе