Вселенски остатоци ја погодија и оштетија ИСС

Парче вселенски отпад што бил премал за да се следи ја погоди Меѓународната вселенска станица (ИСС) и ја оштети нејзината роботска рака Канадарм2.

Фото: ЕПА

За среќа, инструментот е сè уште функционален, но објектот ја пробил неговата термичка заштита и оштетил некои негови компоненти.

Вселенските агенции и научната заедница веќе извесно време предупредуваат на проблемот со вселенскиот отпад (остатоци од мисии и сателити), наведувајќи дека се работи за темпирана бомба. Експертите следат повеќе од 23.000 парчиња поголеми од тениско топче за да се избегне судир меѓу нив и ИСС или сателити.

Помалите објекти е невозможно да се следат, но тоа не значи дека не можат да предизвикаат значителна штета на активни мисии во орбитата на Земјата, пишува Сајанс алерт.

Канадарм2 (ССРМС), дизајниран од Канадската вселенска агенција (ЦСА), е дел од ИСС веќе цели 20 години. Тоа е роботска рака од титаниум што служи за одржување на станицата и за помош при маневрирање со објекти надвор од ИСС, како што се товарни бродови.

Засега е непознато кога точно дошло до удар. Штетата за прв пат е забележана на 12 мај, за време на рутински преглед.

„И покрај ударот, тековните анализи покажуваат дека уредот е сè уште функционален. Оштетувањето е ограничено на мал дел од раката и термичката прекривка. Канадарм2 продолжува со планираните операции“, напиша ЦСА.

Иако ИСС овој пат имаше среќа, проблемот со вселенскиот отпад се зголемува од година во година и прашање на време е кога може да се случи посериозна штета. Меѓународната вселенска станица минатата година мораше три пати да изврши итни маневри за да избегне судири со вселенски отпад.

Европската вселенска агенција (ЕСА) проценува дека околу 130 милиони фрагменти од материјали од човечко производство помали од еден милиметар во моментов кружат околу Земјата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе