Волстрит џурнал

ВСЏ: Тајна посета на ЦИА во Украина го уништи планот на Путин и го спаси Киев

Во почетокот на ноември, неколку месеци пред почетокот на војната, директорот на ЦИА ја посети Москва за да испрати предупредување: САД веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува да ја нападне Украина. Ако ја нападне, ќе се соочи со разорни санкции од обединетиот Запад.

Фото: ЕПА

Американски Волстрит џурнал објави статија за ситуацијата во Русија и Украина и развојот на ситуацијата пред инвазијата. Се наведува дека, меѓу другото, директорот на ЦИА Вилијам Барнс тајно отпатувал во Киев непосредно пред руската инвазија и им открил на украинските власти што планира Путин.

Шефот на американските шпиони бил поврзан со Путин преку безбеден телефон во Кремљ. Рускио претседател бил во црноморското одморалиште Сочи, изолиран од сите, освен неколкумина најдоверливи. Рускиот лидер не се ни потрудил да го негира обвинението на Барнс. Наместо тоа, смирено изрецитирал листа на поплаки за тоа како САД со години ги игнорирале руските безбедносни грижи.

По враќањето во Вашингтон, Барнс му рекол на Бајден дека Путин не донел конечна одлука, но дека постои голема можност да нападне.

Примарниот план за напад бил од Белорусија и брзо заземање на аеродромот Гостомел во близина на Киев. Русите се обидоа да го направат токму тоа, па веднаш по почетокот на инвазијата почнаа да се појавуваат вести за борби на специјалците и украинските сили во областа околу аеродромот.

Но, бидејќи Украинците го очекувале нападот, Русите не беа успешни во својот план и тоа е една од причините за неуспешниот првичен план на Русите брзо да влезат во Киев, да ја соборат владата и да постават свој режим, вели Волстрит џурнал.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе