Врз Израел испукани нови 180 ракети, насилство на улиците на градовите (ВИДЕО)

Хамас нешто пред 19 часот објави дека испукале нови 130 ракети врз израелски градови.

EPA-EFE

Порачаа дека тоа е одмазда за уривањето на облакодерот Ал шурук во Газа и за убиството на важен командант и други припадници на Хамас.

Во 21 часот по локално време (20 часот по средноевропско) се испукани нови десетици ракети. Најверојатно повеќето ги пресретнал израелскиот систем Железна купола. Сирени одекнувале низ Ашдод и Ашкелон.

Нов ракетен напад вечерва најави Исламистички џихад. Порача дека Израелците ги очекува „страшна смрт“.

На Израел денес биле испукани околу 180 ракети, објави израелската војска.

Десетици проектили кои оделе кон населените места пресретнал антиракетниот систем Железна купола, порачаа израелските оружени сили. Додадоа дека од Газа биле испукани уште 40-тина ракети кои не успеале да ја минат границата туку паднале во Газа. Вкупно од понеделникот врз Израел се испукани околу 1.300 ракети.

Тајмс оф Израел јавува дека шестгодишно момче во Сдерот, израелскиот град најблизок до Газа, е во критична состојба откако ракета погодила станбена зграда.

Мајката на момчето е тешко ранета, а повредени се уште четири лица.

Полицијата јави дека во градот Ашкелон со ракета била погодена детска градинка, која за среќа била празна.

Израелските медиуми јавуваат дека војската се подготвува за нови ракетни напади врз Тел Авив.

Израелските оружени сили објавија дека еден нивен авион бомбардирал група палестински исламисти додека се подготвувале за лансирање ракети во Израел од појасот Газа.

Хамас со соопштение ја потврди смртта на командантот и „други лидери и свети воини“, а шефот на палестинското екстремистичко движење Исмаил Ханијех предупреди дека „конфликтот со непријателот е отворен“.

Додека траат нападите од двете страни, израелски екстремисти напаѓаат Арапи во повеќе градови. Едно возило во Тиберија било каменувано. Во судирите со израелски екстремисти бил повреден полицаец.

Претходно напади на Арапи се забележани во Бат Јам, предградие на Тел Авив. Снимките покажуваат како еврејски десничарски екстремисти брутално претепале маж. Десничари го извлекле мажот од автомобилот по помала незгода, го опкружиле, го бутнале на земја и го тепале. На снимката не се гледа полиција.

Млад Арап бил застрелан и повреден во Лод. Префрлен е во болница, а сè уште не се знае кој го застрелал.

Израел претходно денес објави дека убил 16 припадници на оруженото крило на Хамас во Газа, поради што сега палестинските милитанти го ракетираат Израел.

Најмалку 56 луѓе се убиени во Газа од понеделникот, кога ескалираше ситуацијата. Во Израел се убиени шест лица.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека меѓу убиените палестински милитанти е бригадирот на Хамас за градот Газа. „Тоа е само почетокот. Ќе ги гаѓаме како што не ни сонувале дека може“, кажа Нетанјаху.

Актуелниот судир е најлошиот од војната во 2014 година во појасот Газа, а расте загриженоста дека ситуацијата може дополнително да ескалира.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе