Судир меѓу Израел и Палестинците

Врз Израел испукани над 1.050 ракети за ден и пол, израелската војска извршила 500 напади со 35 жртви (ВИДЕО)

Над 1.050 ракети испукале екстремистичките организации од појасот Газа на Израел за ден и пол, соопшти израелската војска, а очевидци изјавија дека рано утринава извршил десетици напади од воздух во рок од неколку минути, целејќи безбедносни инсталации.

EPA-EFE

Бројот на жртвите во појасот Газа се искачи на 35, вклучувајќи дванаесет деца и три жени, а 223 луѓе се ранети, соопшти министерството за здравство.

Како што наведе израелската војска, повеќе од 200 ракети испукани од Газа паднале на територијата на Израел, а 850 пресретнал системот за ракетна одбрана Железна купола.

Портпаролот на палестинското министерство Ашраф Кидра кажа дека нападите врз станбените квартови во Газа предизвикале паника меѓу населението.

Во израелскиот град Лод утринава загинале 52-годишен маж и неговата 16-годишна ќерка кога ракета паднала во дворот на нивната куќа.

Со нивното загинување и загинувањето на жена во ракетен напад синоќа врз Ришон Лецион, во близина на Тел Авив, бројот на израелски жртви се зголеми на пет од почетокот на непријателствата.

Градоначалникот на Лод, каде живеат и Арапи и Евреи, изјави дека загинале членови на арапската заедница и дека „ракетите не прават разлика меѓу Арапите и Евреите“.

Во Тел Авив еден 80-годишник добил срцев удар додека бегал во засолниште, а ракета погодила куќа во градот Јахуд крај меѓународниот аеродром Бен Гурион.

Хамас во нападот синоќа испукал 200 ракети, тврдејќи дека тоа е одговор на уривањето повеќекатница во градот Газа.

Израелската војска тврди дека таму имало канцеларии на Хамас, вклучувајќи разузнавачки центар и оддел за пропаганда.

Војската ги предупредила станарите да избегаат неколку часа пред нападот.

Се наведува дека се убиени двајца високи разузнавачки офицери на Хамас.

Портпаролот на израелската војска Хидаи Зилберман кажа дека процентот на пресретнување на ракетите кои се испукани врз станбените области е 85 до 90 отсто.

Во одговорот на нападите од Газа израелската војска гаѓала над 500 мети во густо населената палестинска територија со преку два милиони жители.

На прашањето какви се способностите на Хамас да испукува проектили портпаролот одговори дека по сè изгледа арсеналот се намалува но дека и понатаму може да испукува баражен оган во следните денови.

„Издржливоста на Хамас ја снемува, но тоа е жилава организација. Нема да ја снема за 24 часа“, кажа тој.

Како што оценува Асошиејтед прес, најновите насилства се најголеми од војната во 2014 година во појасот Газа која траеше 50 дена.

Хамас, кој владее со Газа и други екстремистички организации вчера повремено успеваа да ја минат израелската ракетна одбрана, а сирените се огласуваа и експлозиите одекнуваа во областа на Тел Авив и други израелски градови.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе