Можен удар за американскиот претседател

Врховниот суд одлучи дека њујоршкиот обвинител има право да ги бара даночните пријави на Трамп

Врховниот суд на Соединетите Американски Држави донесе одлука дека њујоршкиот обвинител има право од претседателот Доналд Трамп да бара низа финансиски документи, вклучувајќи ги неговите даночни пријави, но засега го блокираше нивното доставување до Конгресот.

EPA-EFE

Објавата на долуката донесена со седум од вкупно девет гласа, би требало да им овозможи на американските граѓани да дознаат повеќе за финансиите на републиканскиот милијардер пред претседателските избори на 3 ноември.

Оваа највисока судска инстанца во САД најпрвин соопшти дека претседателот не ужива „апсолутен имунитет“ и дека њујоршкиот обвинител би можел да побара докази, во овој случај цела низа финансиски документи кои се однесуваат на неговите бизниси меѓу 2010 и 2018 година, а кои ги има неговата поранешна сметководствена гирма Мазарс.

„Ниеден граѓанин, па ни претседателот, не може да избегне доставување документи во случај на кривична истрага, претседателот на ужива апсолутен имунитет од налозите на државните обвинителства“, додаде судот.

Меѓутоа, истрагата ја надгледува голема порота, составена од граѓани, која работи во најголема тајност и, теоретски, би можело ништо да не биде објавено.

Врховниот суд со друга пресуда засега го блокираше испраќањето на документите во Конгресот, па спорот ќе продолжи на пониски судски инстанци.

За разлика од претходните претседатели, Трамп одбива да ги објави своите даночни пријави што поттикнува нагаѓања за обемот на неговото богатство или потенцијален конфликт на интереси.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе