Врховниот суд на САД го одби барањето на либералите, нема затворање на црквите

Врховниот суд на САД му забрани на Њујорк да спроведува одредени ограничувања на бројот на верници во црквите и синагогите во областите погодени од пандемијата. По тужбата поднесена од одредени верски групи, судиите по итна постапка и на Њујорк вчера привремено му забранија да воведува ограничувања на верските собири сè додека не заврши судскиот процес.

Фото: ЕПА

Пет судии гласаа за, додека четворица беа против, а во мнозинството беше и кандидатката на Трамп, Ејми Кони Барет.

Тројца либерални судии гласаа против, како и претседателот на судот Џон Роберт.

Врховниот суд застана на страната на верските организации во спорот околу ограничувачките мерки воведени од гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, со кои се ограничи бројот на присутните на верските служби.

„Регулативите не може да се сметаат за неутрални затоа што за црквите се утврдени особено строги мерки. Не треба да има повеќе од 10 лица во црквите и синагогите во црвената зона, додека компаниите категоризирани како 'важни' можат да примат онолку луѓе колку што сакаат. Меѓу важните компании се вклучени објекти за акупунктура, кампови, гаражи и слично, како и фабрики што произведуваат хемикалии и микроелектроника, како и сите транспортни капацитети“, се вели во соопштението на судот.

Црквите поднеле жалба против воведените мерки, иако бројот на заразените и починатите од коронавирусот во САД сè уште значително расте, пишува Си-ен-ен. Во последниве денови, бројот на нови дневни случаи се движи помеѓу 170.000 и 180.000, а повеќе од 2.000 луѓе умираат дневно од ковид-19.

Судската пресуда во Њујорк може да ги преиспита ограничувањата на собирите на верските места во областите што се погодени од пандемијата. Сепак, влијанието на судот може да биде намалено бидејќи католичките и еврејските групи што поднеле тужба за промена на ограничувањата повеќе не подлежат на нив.

Овие групи имаат цркви и синагоги во делови од Бруклин и Квинс, кои претходно биле лоцирани во црвената и портокаловата зона.

Во тие зони, државата го ограничи бројот на верници во верските објекти - за црвената зона на 10, а за портокаловата зона на 25.

Сепак, тие делови од градот сега се наоѓаат во жолта зона со помалку ограничувачки мерки што ниту една од овие групи не се обиде да ги оспори законски.

Во непотпишаниот документ во кој се наведува мислењето на судот се вели дека верските објекти се особено погодени од ограничувањата.

Судиите посочија дека овие мерки го спречуваат присуството на верски служби и дека верските слободи се загарантирани со Уставот на САД.

Во документот се вели дека, за разлика од црквите и синагогите, во портокаловата и црвената зона многу објекти, од самопослуги до продавници за миленичиња, немаат ограничувања на бројот на клиенти во објектот, додека во портокаловата зона дури и оние објекти за кои не е потребно да бидат отворени можат сами да одлучат колку луѓе ќе можат да бидат во нив.

Групите што поднесоа тужба тврдат дека со мерките што ги воведе на 6 октомври, гувернерот Ендру Куомо неоправдано ги издвоил верските објекти.

Во моментов има неколку области во Њујорк што се наоѓаат во портокаловата зона, но ги нема во црвената зона.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе