Врховниот суд ја одобри Трамповата забрана за влез од шест муслимански земји

Американскиот Врховен суд одлучи дека забрана за влез во САД за државјаните на шест мнозински муслимански земји може да стапи на сила.

Седум од деветмината судии го одобрија барањето на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да се укинат блокадите кои ги воведоа пониските судови.

Трамп потпиша три верзии од спорниот указ откако во јануари ја презема претседателската должност.

Одлуката на американскиот Врховен суд значи дека веднаш ќе стапи на сила забраната за луѓето кои сакаат да влезат во САД од Иран, Либија, Сирија, Јемен, Сомалија и Чад. Нижите судови претходно ја ограничија забраната на луѓе кои немаат семејства или какви било други врски со САД.

Жалби на забраната вложија и сојузната држава Хаваи и Американската унија за граѓански слободи, тврдејќи дека со неа се дискриминираат муслиманите, дека е спротивна на американскиот устав и дека ги крши имиграциските закони.

Трамп првата забрана ја издаде во јануати, а втората изменета верзија во март откако првата ја блокираа неколку судови.

Втората одредба истече во септември по долга правна битка и е заменета со сегашната верзија.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе