Врховниот суд го блокираше планот на Бајден за задолжителна вакцинација или тестирање

Врховниот суд на САД го блокираше планот на претседателот Џо Бајден за задолжителна вакцинација или редовни тестирања за вработените во големите компании, но дозволува неговата администрација да наметне посебни услови за здравствените установи финансирани од сојузните власти.

Фото: ЕПА

Судот пресуди откако ги сослуша минатиот петок усните аргументи во правната битка за привремените наредби издадени од две сојузни агенции во ноември за зголемување на стапката на вакцинираност на работните места во големите компании, кои опфаќаат 80 милиони американски работници и сојузните здравствени установи.

Судот, кој има конзервативно мнозинство, беше поделен и во двата случаи. Во првиот случај, шест судии гласаа за блокирање на наредбата за задолжителна вакцинација или тестирања на работното место, а во вториот случај, пет судии ја поддржаа обврската за здравствените работници, додека четворица беа против.

На либералното мнозинство во вториот случај му се придружија двајцата конзервативни судии, Џон Робертс и Брет Кавано. Обврската се однесува на 10,3 милиони работници во 76.000 сојузни здравствени установи.

Претседателот Бајден во септември ги претстави регулативите за зголемување на стапките на вакцинација за возрасни како начин за борба против пандемијата, која уби повеќе од 845.000 Американци и ја оптовари економијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе