Германија

Вработените од Сименс протестираат против укинувањето на работните места

Речиси 2.000 вработени од Сименс во различни германски градови денес протестираа против предлогот на компанијата да ги намали работни места за 6.900, за што еден висок официјален претставник на Сименс рече дека може да се ревидира по преговорите со Унијата.

Сименс во четвртокот рече дека сака да намали околу 6.900 работни места, или речиси 2 посто од својата глобална работна сила. Приближно половина од тие ќе бидат во Германија, главно во одделите за енергија и гас, што најмногу се погодени од брзиот раст на обновливите извори на енергија, пренесе Ројтерс.

ИГ Метал, најголемата германска трговска унија, повика на протести во Берлин и во Офенбах во близина на Франкфурт, барајќи од Сименс да ги ревидира плановите за кои вели дека ќе и наштетат на компанијата.

„Имаме концепти, алтернативи и очекуваме компанијата да има сериозен разговор со нас, со работните совети, за иднината на Сименс“, рече Клаус Абел, претставник на синдикатот во Берлин.

Шефот за човечки ресурси на Сименс во петокот рече дека може да ги измени плановите по разговорот со Унијата.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе