Вознемирувачки сателитски снимки: Огнот и чадот се гледаат од вселената (ФОТО)

Вознемирувачки сателитски снимки од вселената на НАСА укажуваат на огромниот размер на пожари што во изминатиов период ја зафатија Амазонија.

Огнот и чадот од Амазон јасно се видливи од вселената, а фотографиите на НАСА покажуваат дека ситуацијата во неколку бразилски држави е застрашувачка.

Снимките на НАСА покажуваат пораст на пожарите и чадот во бразилските држави Рондонија, Мато Гросо и Амазон.

Повеќе од половина од пожарите се во огромниот амазонски басен, каде живеат повеќе од 20 милиони луѓе.

Од почетокот на годинава избувнале повеќе од 75.000 пожари, што е за 83 проценти повеќе од минатата година и најмногу откако се води евиденција. Неодамнешните пожари беснеат веќе три недели, предизвикувајќи антивладини протести и ја алармираа меѓународната јавност.

Организациите за животна средина и истражувачите велат дека пожарите најверојатно биле запалени од луѓе кои сакале да ја расчистат земјата за да ја користат за деловни цели.

Од непрофитната организација Амазон вач која работи на заштита на прашумите, тврдат дека земјоделците подметнувале шумски пожари за да создадат пасишта и дека во тоа им помогнала конзервативната бразилска влада.

„Невидените пожари што ја уништуваат Амазонија се меѓународна трагедија и опасен допринос кон климатскиот хаос“, рече Кристијан Поари, програмски директор на организацијата.

Во меѓувреме, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро испрати армија за да помогне во гаснењето.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе