Воздушен напад во Авганистан, најмалку 45 мртви, меѓу нив и цивили и талибанци

Најмалку 45 лица, вклучувајќи и цивили и талибанци, загинаа во воздушен напад од страна на владините сили во Херат во западен Авганистан, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Но Ахмад Факир Јар, гувернер на округот Адраскан во западен Авганистан, рече дека најмалку осум цивили се меѓу загинатите.

„45 лица се убиени досега во воздушен напад од страна на безбедносните сили во зоната Кам Зиарат. Меѓу убиените има и талибанци“, рече тој.

Ројтерс наведува дека е нејасно колку цивили и колку талибанци се меѓу преостанатите 37 жртви.

Министерството за одбрана на Авганистан соопшти дека ги испитува наводите за цивилни жртви во нападот на авганистанските сили.

„Во Херат, фотографии и очевидци сугерираат дека многу цивили, меѓу кои и деца, се меѓу жртвите на авганистанскиот воздушен напад. Ние го осудуваме нападот и ја поддржуваме истрагата“, рече американскиот специјален претставник Залмај Калилзад на Твитер, додавајќи дека Соединетите Држави „ги осудија“ и неодамнешните талибански напади.

Портпаролот на талибанците, Кари Мухамед Јусуф Ахмади, рече дека осум цивили загинале, а 12 се повредени, но воопшто не спомена жртви кај талибанците.

Портпаролот на американските сили во Авганистан рече дека тие не биле вклучени во нападите во средата.

Осудувајќи го нападот, Калилзад рече дека е потребно да се намали насилството и итно да се почнат мировните преговори.

Соединетите Држави ги повлекуваат своите трупи во Авганистан според договорот постигнат во февруари со талибанците.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе