Англија

Возачот обвинет по 39 точки за убиство

25-годишниот Мо Робинсон е обвинет и за трговија со луѓе и перење пари.

Возачот на камионот во кој беа најдени 39 мртви мигранти е обвинет за убиство и трговија со луѓе.

Морис Робинсон (25) од Ко Армаг во Северна Ирска се соочува со 39 обвиненија за убиство, заговор за трговија на луѓе, заговор за помош на незаконска имиграција и за перење пари, соопшти денеска полицијата во Есекс.

Информацијата беше објавена веднаш откако ирската полиција уапси уште еден маж од Северна Ирска на пристаништето во Даблин, под сомневање за вмешаност во трагедијата. Со тоа бројот на луѓето од островот Ирска што се уапсени се искачи на пет, што ги подгреа сомнежите дека ирска шверцерска банда била дел од мрежата што ги транспортирала мигрантите.

Големата полициска истрага се протега од ирската граница, Англија, континентална Европа и Виетнам, од каде што се верува дека потекнуваат многумина од жртвите.

Робинсон, кој е познат како Мо, беше уапсен рано во средата наутро, откако полицијата беше предупредена дека се најдени 31 маж и осум жени во задниот дел на камионска приколка во Грејс, Есекс. Робинсон ја собрал приколката, која пристигнала во Перфлит од Зебруге, со својот камион сканија помалку од еден час пред тоа.

Пријатели и роднини на Робинсон протестираа тврдејќи дека е невин.

Во Белгија полицијата е во потера по возачот што ја донел приколката до пристаништето Зебруге, пред да пристигне во пристаништето во Перфлит, каде што Робинсон ја собрал и ја возел на кратко растојание пред наводно да ги открие мртвите мигранти и да повика полиција.

Сè уште не се знае каде несреќните луѓе влегле во приколката, а Белгијците велат дека тоа било пред влегувањето на приколката на територијата на Белгија.

Не се знае ни точно што ја предизвикало нивната смрт и дали замрзнале, се задушиле или нешто трето.

Во камионот се најдени многу малку документи за идентификација, рече главниот детектив Мартин Пасмор. Тој апелираше до оние што можеби ги знаат жртвите - за кои првично се зборуваше дека се Кинези - да се пријават и да дадат информации.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе