Првпат во медиумите по две децении

Возачот на принцезата Дајана го прекина дваесетгодишниот молк (ВИДЕО)

Возачот на принцезата Дајана во четвртокот за првпат прозборе за медиумите по дваесет години од фаталната ноќ во која настрада британската принцеза. Тој во емисијата „Добро утро, Британијо“ призна дека би сакал тој да бил зад воланот, сметајќи дека таа ноќ возеле пребрзо.

Колин Тебут, еден од нејзините најдоверливи асистенти, заминал во болничката соба во Париз веднаш по нејзината смрт, решен да се погрижи за деталите кои следеле. Тој раскажа дека на прозорците ставил ќебиња за никој да не може да види што се случува внатре.

Зборувајќи за моментите по смртта на принцезата Дајана, Тебут раскажа дека било „многу тешко и емотивно да ја гледа личноста како лежи во кревет, а не во мртовечница“.

„Најдов некои вентилатори да ја разладам собата во која беше многу топло. Додека шетав наоколу, трепавиците и косата на принцезата се помрднуваа од струењето на воздухот и тоа доста ме погоди. Морав да се свртам, да размислам малку за сѐ триесетина секунди и да продолжам со она што го правев“, кажа тој.

Тебут кажа и дека во моментот на несреќата бил во кревет, а присетувајќи се на Дајана кажа дека имала смисла за хумор и дека кон персоналот се однесувала со почит, но и дека, кога станува збор за кралското семејство, постоела граница која не смеело да се премине.

„Не слушнав ниеден прекорен збор за две години“, кажа тој.

„Таа година, пред да умре, беше добро и изгледаше дека ужива во животот и дека беше среќна“, кажа Тебут.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе