Возачи на брза помош во Романија осомничени за смртни случаи поради кражба на бензин (ВИДЕО)

Во Романија, 16 возачи на брза помош се под истрага осомничени дека од возилата краделе бензин, што е можно да довело до смрт на осум пациенти.

Обвинителот Маријан Сорин Лија изјави дека возачите се од градот Корабија, на југот на земјата, и се осомничени за кражба на бензин од 2013 до 2015 година, пренесе АП.

Тие наводно и побавно возеле за да потрошат што е можно помалку бензин. Под истрага се и за проневера и лажно сведочење.

Романскиот обвинител изјави дека постои можност нивните дејства да се повразни со осум смртни случаи бидејќи бавно возеле до болниците.

Возачите се суспендирани додека истрагата е во тек, пренесе АП.

Романската министерка за здравство, Сорина Пинтеа, рече дека е „премногу рано“ да се каже дека ова наводно кривично дело довело до смрт на пациентите.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе