Милано

Возач во Италија запалил автобус со 51 дете: „Никој не излегува жив од тука“

Возачот на автобус е уапсен во Милано, откако наводно викал: „Никој не излегува жив од тука“.

Возачот на училишниот автобус е уапсен во Милано, откако наводно го грабнал возилото со 51 дете во него и го запалил.

Едно од децата повикало полиција откако возачот го запрел автобусот на автопат во предградието, објавија италијанските медиуми.

По пристигнувањето на полицијата, осомничениот го полеал возилото со запалива течност и почнал да вика: „Никој од тука не излегува жив“.

Автобусот, кој патувал од градот Кремона во Ломбардија, букнал во пламен, но полицијата успеала да ги извади сите патници. Дванаесет деца и двајца возрасни биле однесени во болница поради вдишување чад.

Осомничениот, 47-годишен маж од Сенегал, е обвинет за подметнување пожар и киднапирање. Не е јасно кој бил мотивот за наводниот напад, но тој наводно ѝ кажал на полицијата дека сака да се самоубие и „да ги спречи умирањата во Медитеранот“.

Новинската агенција Анса извести дека рацете на некои од децата биле врзани заедно со електрични кабли за време на драмата, која траела околу 40 минути.

Франческо Греко, обвинител во Милано, изјави: „Беше чудо што тие преживеаја и за тоа треба да ѝ се заблагодариме на полицијата.“

Анса извести дека, пред да го запре автобусот, возачот се обидел да помине преку пречка на патот. Полицијата извршила истрага во домот на човекот. Тој, наводно, имал претходни пресуди за возење пијан и за сексуален напад.

Матео Салвини, екстремнодесничарскиот вицепремиер во Италија, рече: „Во овој момент полицијата го пребарува неговиот дом. Сакам да знам зошто таков човек возел автобус со деца?“

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе