Возач во БиХ сместил емигранти во задниот дел на автобусот „за да не се мешаат со патниците“ (ФОТО)

На социјалните мрежи се шират фотографии и коментари за безобразното однесување на возач на босанскохерцеговската компанија Транстурист од Тузла.

На релацијата Тузла-Сараево возачот во вторникот присилил неколку емигранти да седнат во задниот дел на автобусот „за да не се мешаат со останатите патници“.

Еден од патниците го прашал зошто го направил тоа, на што овој му одговорил дека, ако седат напред, „се мешаат со патниците, иако луѓето платиле билети, заедно со жените и бебињата“.

„Зарем сега професорка која работела 8 часа би требало да седи со нив?“, додал возачот.

За сето ова се огласи Транстурист. Најавија дека по утврдувањето на сите детали ќе почнат дисциплинска постапка против возачот и ќе му одредат казна во согласност со правилникот на компанијата.

„Добивме информација за непријатната ситуација која се случила на 10 септември 2019 на нашата редовна линија Тузла-Сараево, а која се однесува на однесувањето на возачот кон патниците, во овој случај со лица кои се бегалци (емигранти) во нашата земја. Конкретно, возачот според информациите што ги добивме правел распоред на седење во автобусот на начин што емигрантите ги распоредил во задниот дел на автобусот иако на тоа нема право ниту му се такви задачите во описот на работното место.

Во врска со тоа, сакаме да истакнеме дека каква било сегрегација на патниците по која било основа не е политика на нашата компанија и дека ова е исклучиво чин на поединец кој е исклучително некоректен и со право предизвикува критики и негативни коментари во јавноста“, соопшти Транстурист.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе