Воз во Тајван излетал од шини, најмалку 36 лица загинати, многумина заробени (ВИДЕО)

Воз со околу 350 лица излетал од шините во тунел во источен Тајван.

Фото: ЕПА

Најмалку 36 лица се загинати, а повеќе десетици се повредени.

Воз кој патувал за Таитунг излетал од шините во тунел северно од Хуалиен, поради што неколку вагони удриле во ѕид на тунелот, се вели во соопштението на противпожарната служба.

На сликите од местото на несреќата може да се видат вагони во тунелот кои се разбиле од ударот, додека другите толку биле деформирани што спасувачите не можеле да стигнат до патниците.

Тие додадоа дека од првите четири вагони на возот биле евакуирани меѓу 80 и 100 лица, додека другите четири вагони „се деформирале“ и тешко се пристапува до нив.

Официјалната новинска агенција соопшти дека се сомнева дека камион кој „не бил паркиран сооедветно“ го блокирал патот на возот. Пожарникарите покажале слика од она што се чини остатоци од камион кој стои покрај уништениот воз.

„Нашиот воз удри во камион", рече еден човек во видеото емитувано на тајванската телевизија на кое се гледаат слики од остатоците.

„Предниот дел на возот се наоѓа надвор од тунелот, а луѓето во вагоните кои сè уште се во тунелот се однесени на сигурно", соопшти управата на железницата во Тајван.

На снимката се гледа како патниците собираат куфери и торби во навален вагон и одат по шините покриени со крш.

Несреќата се случува на почетокот на продолжен викенд, за нивниот традиционален Ден на чистење гробници.

Планинското источно крајбрежје на Тајван е популарна туристичка дестинација. Во 2018 година 18 лица загинале и 175 биле повредени кога воз излетал од шините на североистокот на Тајван. Тогаш тоа било најголемата железничка катастрофа на островот во повеќе од три децении.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе