Воведен карантин во Мелбурн, премиерот: Не можеме да го сузбиеме вирусот без силни мерки

Во вториот град по големина во Австралија, Мелбурн воведен е карантин. Властите се решија на овој потег за да го спречат ширењето на коронавирусот и нејзиниот втор бран, пренесува АФП.

Карантинот во градот ќе трае шест недели.

Премиерот на државата Викторија, Даниел Ендрјус, рече дека од среда навечер луѓето мора да останат во своите домови, освен за работа, итни обврски, медицински третман или училиште.

Во домовите не смеат да се примаат гости, а училиштата во погодените области нема да ги отворат своите врати уште една недела, како што е предвидено со училишниот календар.

Се работи за држава во која се забележани 191 нов случај на коронавирус преку ноќта, што е најголемо дневно зголемување од почетокот на кризата.

„Ова е неодржливо голем број нови случаи. На тоа ниво, невозможно е да се контролира вирусот без значителни мерки“, изјави тој пред новинарите.

„Местата што постепено се отвораа ќе мора да се вратат на исклучиво на систем за достава“, рече тој. „Другите бизниси што отворија ќе треба да се затворат“.

„За нас ќе биде голема работа да продолжиме да даваме поддршка“, додаде тој.

Минатата недела за повеќе од 300.000 жители на северните предградија на Мелбурн е воведен карантин, откако по две недели е забележано двоцифрено зголемување на дневните зарази во втората најнаселена држава во Австралија. Тој карантин треба да трае еден месец.

Други австралиски држави и територии продолжуваат да бележат мал број на нови инфекции и им забраниле влез во нивната територија на жителите на Викторија.

Од почетокот на епидемијата во Австралија има вкупно околу 8.500 заразени и 106 смртни случаи.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе