Еден од најлошите масакри оваа година

Вооружени напаѓачи убија 13 лица во бар во Веракруз, Мексико (ФОТО)

Вооружени лица застрелаа 13 лица во бар во градот Минатитлан на мексиканскиот брег на Веракруз, објавија властите во петокот за еден од најлошите масакри во Мексико откако претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор ја презеде функцијата.

Неидентификувани напаѓачи отвориле оган во петокот вечер, откако дошле да бараат човек во барот во југоисточниот дел на Минатитлан, изјави портпаролот на владата на Веракруз.

Седум мажи, пет жени и едно дете загинаа во пукањето што се случи во близина на рафинеријата за нафта Минатитлан, една од шесте рафиниерии на државната нафтена компанија Петролеус Мексиканос (Пемекс). Четири други лица беа повредени, објави локалната власт во соопштението.

Мотивот за убиствата е нејасен, рече портпаролот.

Човекот што го бараа вооружените лица беше идентификуван како сопственик на барот. Нападот се случил за време на семејна прослава.

Не се знае веднаш дали мажот бил сопственик на барот каде што се случил нападот, ниту пак, дали тој бил присутен во тоа време.

Хуго Гутиерез, шеф на јавната безбедност во државата, на Твитер објави дека е започната операција за фаќање на луѓето одговорни за убиствата.

Општината Веракруз богата со нафта, последниве неколку години ја тресат насилствата на банди и скандали за политичка корупција.

Лопез Обрадор кој ја презеде функцијата во декември, вети дека ќе го намали насилството во Мексико, каде што повеќе од 200.000 луѓе се убиени од крајот на 2006 година во бруталните војни за територија помеѓу наркокартелите и нивните судири со безбедносните сили.

По постигнувањето на рекордно ниво во 2018 година, стапките на убиства остануваат високи, надминувајќи го нивото од претходната година во првите три месеци од новата влада, покажуваат официјалните податоци на владата.

Според официјалниот распоред објавен пред нападот, во неделата била планирана посета од претседателот на Веракруз.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе