Само неколку дена по ужасниот масакр

Вооружен напаѓач уби едно лице во трговски центар во Тајланд

Вооружен напаѓач во вторникот попладне, по локално време, отвори оган во трговски центар во Бангкок, при што уби најмалку едно лице, а друго е повредено. Инцидентот се случи само 10 дена откако тајландски војник полн со омраза уби 29 лица.

Пукањето, наводно, се случило пред салон за убавина во рамки на трговскиот центар Сенчури Муви Плаза, близу градскиот Споменик на победата.

Се смета дека жртвата е вработен во клиниката. Полицијата допрва треба да го идентификува осомничениот и не е јасно дали е приведен или не.

„Имаше инцидент со огнено оружје во Сенчури Плаза. Се работи за личен проблем. Едно лице почина, а друго е повредено“, изјави полицискиот полковник Крисана Патаначароен.

Полицијата откри дека напаѓачот за време на нападот испукал најмалку седум рунди куршуми.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе