Според филипинската полиција

Вооружен напаѓач држи околу 30 заложници во трговски центар во Манила (ФОТО+ВИДЕО)

Филипинската полиција се справува со заложничка криза во трговски центар во Манила, каде вооружен напаѓач, за кој се вели дека е „незадоволен" припадник на обезбедувањето, држи околу 30 лица како заложници.

Инцидентот започнал утрово кога се слушнале истрели од огнено оружје во трговскиот центар Ви-мол, во трговксата област Гринхилс, јавуваат локалните медиуми. Пукањето предизвика бројните посетители, продавачите и персоналот да избега од трговскиот центар пред да биде затворен.

Најмалку едно лице е повредено среде хаосот, додека 30 други се земени како заложници од напаѓачот, изјави за новинарите Франсис Замора, градоначалник на Сан Хуан - дел од метрополитенската област во Манила.

Осомничениот се испостави дека е чувар, кој бил отпуштен од неговата работа во Ви-мол неколку дена порано. Тој се вратил во понеделникот да „постави некои барања“ и се обидел да ги убеди другите припадници на обезбедувањето „да му се придружат во еден вид пуч против раководството на трговскиот центар“, објасни градоначалникот.

Тој рече дека напаѓачот е вооружен со гранати и повеќе огнени оружја. Во меѓувреме, полицијата го опколи трговскиот центар, при што силно вооружени екипи на специјалната единица (СВАТ) пристигнале на местото на настанот.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе