Вонредната состојба во Чиле продолжена, седум лица убиени досега во немирите

Чилеанската влада ќе ја продолжи вонредната состојба во градовите на северот и југот на земјата, откако во бран насилства и подметнати пожари во текот на викендот најмалку седум лица беа убиени, изјави министерот за внатрешни работи во неделата вечер.

Одлуката за продолжување на вонредната состојба е донесена како резултат на „ескалацијата на насилството и вандализмот“, рече министерот Андрес Чадвик, наведувајќи податоци за 70 „тешки насилни инциденти“ што се случија во неделата, вклучувајќи 40 случаи на грабежи на супермаркети и други компании.

Главниот град на Чиле и други поголеми градови веќе со денови се потресени од немири кои започнаа поради зголемувањето на цените на билетите во метрото. Потоа, на мета на демонстрантите се најдоа и високите животни трошоци, нееднаквоста, економскиот модел во кој здравството и образованието се речиси целосно приватизирани.

Чилеанскиот претседател Себастијан Пињера во саботата ја укина одлуката за покачување на цената на билетот, но воведе вонредна состојба во Сантијаго, град со повеќе од седум милиони жители.

На улиците на Сантијаго моментално има 10.500 војници и полицајци и нивниот број по потреба ќе се зголеми, изјави министерот за внатрешни работи во неделата.

„Се соочуваме со вистинска ескалација, која несомнено е организирана за да ѝ нанесе сериозна штета на нашата земја и на сите нејзини граѓани“, рече Чадвик.

Седум лица загинаа во инциденти поврзани со протестите, рече министерот, без да наведе детали. Тој додаде дека вонредна состојба ќе биде воведена и во Антофагаста, Валпараис, Валдивија, Чилан, Талка, Темуко и Пунта Аренас.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе