Вонредна состојба во Венеција: Вода до колена, се чека спас од „Мојсеј“ (ФОТО+ВИДЕО)

Нивото на водата во Венеција повторно расте, три дена по највисокото забележано ниво на поплави во последните 50 години.

Се предвидува нивото на водата денес да достигне 1,60 метри, далеку над нормалните нивоа. На плоштадот Свети Марко водата веќе сега е „до колена“.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте во четвртокот вечер прогласи вонредна состојба во градот, откако нивото на водата достигна 1,87 метри.

Конте исто така на Твитер напиша дека италијанскиот кабинет одобри 20 милиони евра за помош на градот да се опорави од поплавите.

Поплавата е предизвикана од поројниот дожд кој се совпадна со полна месечина што донесе висока плима, во комбинација со силни ветрови.

Исто така, Венеција, град полн со канали, е во опасност од покачувањето на нивото на морето како резултат на климатските промени.

Најновите поплави ја разгореа повеќегодишната дебата за контроверзниот подвижен бариерен систем, Мојсеј, за кој Конте потврди за италијанскиот весник Репблика дека е на добар пат да биде готов до 2021 година.

Сепак, проектот е забавен со критиките од еколозите кои веруваат дека така ќе се уништи екосистемот на лагуната, како и со пречекорените трошоци и скандали со корупција.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе