Вонредна состојба во кинеска провинција поради 28 нови случаи на корона

Кинеска провинција во која живеат повеќе од 37 милиони луѓе, во средата прогласи вонредна состојба за да се запре ширењето на коронавирусот.

EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Од почетокот на пандемијата во 2019 година, Кина успешно го контролира ширењето на болеста, но најновите податоци за бројот на заразени доведоа до нови одлуки за локални карантини, ограничувања на патувања и тестирање на десетици милиони луѓе.

Во северните региони на земјата, повеќе од 20 милиони луѓе во моментот се опфатени со разни мерки на забрана.

Владата на северо-источен Хајлонгџијанг, кој има 37,5 милиони луѓе, во средата прогласи вонредна состојба, предупредувајќи ги жителите да не ја напуштаат провинцијата освен ако не се работи за итни случаи и да се откажат конференции и собири.

Оваа одлука е донесена врз основа на 28 нови случаи на ковид-19, вклучувајќи и 12 асимптоматски.

Како резултат на појавата на новоинфицирани лица, во градот Суихуа од понеделникот во сила е карантин, а властите најавија рестриктивни мерки и за помалите околни области.

Во другите градови во провинцијата, местата за забава се затворени, објавија државните медиуми.

Иако бројот на заразени е мал во споредба со други земји, Кина сè уште се обидува да го спречи ширењето на вирусот, особено поради претстојната прослава на кинеската Нова година, кога стотици милиони луѓе имаат намера да патуваат.

Се стравува дека овие нетрпеливо очекувани патувања, кои често се единствена можност за семејни собири, ќе бидат забранети доколку заразата не се стави под контрола.

Кинеската национална здравствена комисија во средата извести за 115 нови случаи на коронавирус.

Во провинцијата Хебеј има 90 заразени лица, па властите минатата недела започнаа масовно тестирање и одлучија да ги прекинат сообраќајните врски, да ги затворат училиштата и продавниците во главниот град на Хебеј, Шиџијажуанг, новиот епицентар на епидемијата.

Од минатиот петок, соседниот град Ксингтаи, во кој живеат 7 милиони луѓе, исто така е во карантин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе