„Вонредна кочница“: Холандски пратеници бараат воведување визи за Албанците

Четири холандски пратеници иницираа укинување на привремениот безвизен режим за албанските државјани во шенген-зоната.

Како што се наведува, станува збор за иницијатива во рамки на борбата против организираниот криминал.

Предлогот е усвоен од страна на Парламентот на Холандија на 11 април. По што Парламентот од владата на Холандија ќе бара да ѝ предложи на Европската комисија да ја започне постапката „вонредна кочница“, која овозможува суспензија на безвизниот режим, пренесува сајтот Шенген виза инфо.

За време на расправата во парламентот пратениците наведоа дека дошло до пораст на криминалните активности на албанската мафија во Холандија и дека овие криминални организации ја злоупотребуваат можноста да патуваат низ Европа без визи.

Предлогот е иницирана од страна на пратениците на Христијанско-демократската, Либерално-конзервативната партија, Социјалистичката партија и Христијанската унија.

Мерката „вонредна сопирачка“ се предвидува со Регулативата ЕК 1289/2013 и дозволува суспензија на безвизниот режим за државјаните од третите земји во одредени околности кои се сметаат за „вонредни ситуации“ и може да биде воведена со мнозинство гласови од членовите на Европската комисија.

Во јануари 2018 година, Франција се закани дека ќе воведе визен режим за Албанците, откако  во 2017 година примила 7.630 барања за азил од Албанците.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе