Волстрит џурнал: Убиениот полубрат на Ким Џонг Ун бил доушник на ЦИА

Ким Џонг Нам, полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој беше убиен во Малезија во 2017 година, бил доушник на американската разузнавачка агенција ЦИА, објави Волстрит џурнал.

Волстрит џурнал се повика на неименувано „лице добро запознаено со предметот“, додавајќи дека многу детали во однос на поврзаноста на Ким Џонг Нам со ЦИА остануваат нејасни.

Ројтерс не можел да ја потврди приказната. Агенцијата ЦИА не даде коментар.

Весникот го цитираше лицето како вели: „Имаше поврзаност“ помеѓу ЦИА и Ким Џонг Нам.

„Неколку поранешни официјални претставници на САД рекоа дека полубратот, кој долго време живеел надвор од Северна Кореја и немал утврдено моќ во Пјонгјанг, најверојатно немало да биде во можност да обезбеди детали за внатрешните работи на таинствената земја“, вели Волстрит џурнал.

Поранешни функционери, исто така, велат дека речиси сигурно Ким Џонг Нам бил во контакт со безбедносните служби на други земји, особено на Кина, објави весникот.

Јужнокорејските и американските официјални претставници велат дека властите на Северна Кореја го наредиле убиство на Ким Џонг Нам кој го критикувал династичкото владеење на своето семејство. Пјонгјанг ги отфрли обвиненијата.

Две жени се обвинети за труењето на Ким Џонг Нам со користење на течен Веикс, забрането хемиско оружје, со кое му го полеале лицето на аеродромот во Куала Лумпур во февруари 2017 година.

Малезија во март ја ослободи Индонезијката Сити Аисах и во мај Виетнамката Доан Тхи Хуонг. Тие се ослободени бидејќи судот утврди дека не знаеле дека течноста со која го полиле Ким била отровна.

Извор на Волстрит џурнал тврди дека човекот со кого Џим Јонг Нам требало да се сретне во Малезија во февруари 2017 година бил неговиот ЦИА контакт, иако тоа не требао да биде единствената цел на неговото патување.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе