Волстрит џурнал: Трамп планира формирање нова партија

Претседателот на САД во заминување Доналд Трамп разговарал во последните неколку дена со своите соработници за формирање нова партија, пишува Волстрит џурнал, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ситуацијата.

EPA-EFE

Весникот наведува дека Трамп разговарал со неколку помошници и други блиски луѓе, и дека планира партијата да ја нарече „Патриотска партија“.

Трамп во последно време имаше несогласувања со неколку лидери на Републиканската партија, вклучувајќи го лидерот на републиканците во Сенатот на Конгресот на САД Мич Меконел, кој вчера изјави дека Трамп е одговорен за провоцирање на немирите во зградата на Конгресот на 6 јануари.

Белата куќа не ги коментираше тврдењата на неименуваните извори.

Волстрит џурнал истакнува дека не е познато колку е сериозна намерата на Трамп да формира нова партија, за што би биле потребни многу време и ресурси. Трамп има голема база на поддржувачи, а одреден број од нив не беа гласачи на Републиканската партија пред изборната кампања во 2016 година.

Трети партии обично не успеваа да добијат доволно голема поддршка за да имаат поголема улога на изборите во САД, а каков било обид за формирање нова партија наидува на остро противење на функционерите на Републиканската партија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе